Поради аерозагадувањето, во основните и средните училишта во Сараево денеска е најавен прекин на наставата, одлучи ресорното Министерство за образование, наука и млади. Како причина за тоа се наведува зголеменото загадување на воздухот изминатиот период кое предизвикува здравствени тегоби кај децата.
„Причината за запирање на наставата е податокот дека е зголемена загаденоста на воздухот во подолг период, според некои информации најдолго во последните децении, и дека таа предизвикала здравствени проблеми кај голем број деца, што со оваа мерка ќе се нарави одби да се стабилизира“, се наведува во соопштението на сараевската жупанија што го цитираа медиумите.
Како што појаснуваат од Министерството, голем број родители побарале прекин на наставата во училиштата . Наставата е прекината иако не е прогласен трет степен online casino на загаденост на воздухот, што овозможува воведување мерки како прекин на настава.
Министерот за образование Елвир Казазовиќ потврди дека одлуката останува на сила додека загадувањето не се намали, односно додека не се променат метеоролошките услови.
Како што пренесуваат локалните медиуми, во зимските месеци загадувањето доаѓа од цврстите горива за ложење и старите автомобили. Тие забележуваат дека владата директно предизвикала влошување на состојбата дозволувајќи увоз на десетици користени автобуси од Турција наменети за градскиот сообраќај кои активистите ги нарекуваат и еколошки бомби.