Насловна / Арт и дизајн / Преименување и нова поставка предлага работната група за Музејот на македонската борба

Преименување и нова поставка предлага работната група за Музејот на македонската борба

Незаконско работење и злоупотреба на должностите, како и низа други неправилности, констатирала работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност/Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим. Во елаборат на 31 страница со 10 поглавја, за кои се анализирани повеќе од 270 документи, членовите на работната група ги изнеле своите анализи и предлози за натамошни постапки што треба да се спроведат за иднината на Музејот.вмромузеј (1)

Како примарен предлог се посочува преименувањето, поточно скратување на името на Музејот во Музеј на македонската борба за државност и самостојност, промена во содржината на поставките каде што е пренагласена улогата на ВМРО во македонската историја, да се преуредат деловите што поттикнуваат на поделби и да се обрне внимение на оригиналните предмети бидејќи според нив Музејот не е театар во кој некој слободно по слична имагинација ќе поставува предмети.вмромузеј (2)

Според Донка Барџиева-Трајковска, освен многу незаконитости во целиот процес на формирање на Музејот, чија вредност од предвидените 16.600 денари до завршувањето од буџетот одлеал 12 милиони евра, многу факти укажуваат дека оваа институција служела за лекување нечии фрустрации, а музеoлогијата воопшто не била консултирана.

„Додека ги прибиравме документите, никаде не најдовме елаборат за основање на овој Музеј, што според законот треба да биде изготвен од компетентни музеолози. Прекршен е законот во неколку наврати – од Законот за музеите до Законот за заштита на културното наследство. Тендерските набавки за изготвување експонати се правени преку Управата за заштита на културното наследство, што е сосема против законот“, изјави Барџиева.

За Барџиева, загрижувачки е дека овој Музеј го посетуваат деца, а во него има експлицитни морбидни сцени, кои се тенденциозни и не се својствени за музеј.вмромузеј (3)

Предлозите за натамошно постапување со Музејот ќе бидат доставени до Министерството за култура, а надлежните ќе постапуваат во согласност со законот.

Како претседател на работната група, Александар Литовски вели дека е сосема надвор од памет од 13 музејски одделенија, дури 8 да бидат посветени на историјата поврзана со ВМРО и тоа, вели тој, нормално укажува дека ова била партизирана институција која имала некои други амбиции надвор од идејата за општестевна и културна полза на државата.

Наспроти тврдењата на актулениот директор Светозаревиќ дека Музејот е основан од страна на високостручни историчари и дека работната група нема таков член за да прави ревизија, Литовски вели дека Музејот е работа на музеолозите, историчарите може да учествуваат во научна расправа, а не во основање музеи.

„Не зборуваме за затворање на Музејот, но тој не смее да биде повод на општествени поделби. Се надеваме дека Министерството за култира ќе ги усвои нашите предлози и ќе формира стручна комисија која ќе се погрижи за веродостојноста на музејските експонати. Се чини дека и восочните фигури се правени според нечија слободна процена како и многу други експонати што се ставени во фукција да сведочат за македонската историја“, изјави Литовски.

Работната група беше формирана на 13 март врз основа на решение издадено од тогашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски.

Во извештајот се констатирани низа неправилности и прекршувања на повеќе закони, и тоа: Законот за буџетот и Законот за спороведување на буџетот, Законот за музејската дејност, Законот за заштита на културното наследство, генералните принципи и стандарди на современата музеологија, како и упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ и идеолошка обоеност на Музејот како целина и фаворизирање партиски митови.

(Макфакс)

Испрати коментар

Scroll To Top