Насловна / Вести / Прегазена жена во Дебар Маало, граѓаните обвинуваат

Прегазена жена во Дебар Маало, граѓаните обвинуваат

Утрово пред влезот на основното училиштето „Коле Неделковски“, загина жена која била прегазена од комбе за достава.

Немилиот настан се случи на улицата „Антонио Грубишиќ“ во 8.50 часот кога теренско возило управувано од Т.Н. (1972) од населбата Илинден, удрило во жената-пешак, потврдуваат од МВР.дебар маало несреќа

Иницијативата „Во Одбрана на ДебарМаало“ реагира со соопштение по повод овој несреќен настан. Текстот го објавуваме во целост.

Иницијативата „Во Одбрана на ДебарМаало“ со години апелира до Општина Центар, ПОЦ. Град Скопје да се среди урбанистичкиот хаос, да се ослободат тротоарите за безбедно движење на пешаците, да се престане со градби додека не се провери дали и постојните ги исполнуваат критериумите пропишани со дозволите, да се ограничи сообраќајот на товарни возила за дотур и да се води грижа за безбедноста на граѓаните, особено пешаците и децата кои немаат каде освен да се движат по коловозите.

На неколку дена пред почетокот на учебната година се случува ништо да не е решено, Општината е тотално нема и глува на барањата на иницијањтивата, а она од што најмногу се плашевме се случи денес – загина пешак кој немаше каде да се движи освен на улица…

Погледнете дел од нашите апели до надлежните институции кои со години наназад ги праќаме:

https://www.facebook.com/VoOdbranaNaDebarMaalo/posts/1484744038259910

https://www.facebook.com/VoOdbranaNaDebarMaalo/posts/1463531083714539

https://www.facebook.com/VoOdbranaNaDebarMaalo/posts/1459173674150280

https://www.facebook.com/VoOdbranaNaDebarMaalo/posts/1458306597570321

https://www.facebook.com/VoOdbranaNaDebarMaalo/posts/1314752008592448:0

https://www.facebook.com/VoOdbranaNaDebarMaalo/posts/1304897146244601

Одговори нема, решенија уште помалку, одобренија за градби се издаваат сеуште, инвеститорите ги инаат сите права пред жителите…. до кога? Следната жртва може да е секој од нас, а нема кој да не заштити. Нашите избраници во советот ги НЕМА, градоначалникот е тука само за да се слика и фали, инвеститорите тријат раци, ние гинеме…

општина центар

Општина Центар изразува жалење за инцидентот кој се случил утринава во Дебар Маало, во кое загина жена удрена од комбе кое вршело дотур на роба.
„Сепак, чувствуваме потреба да реагираме на дел од објавите во медиумите кои како индиректен виновник за овој несреќен настан ја посочуваат Општината. Општина Центар не е надлежна за издавање дозволи за дотурот на роба во угостистителските објекти, ниту пак за контрола дали тој се врши согласно прописите и дозволите. Општина Центар стои на располагање за соработка со надлежните институции и поддршка за надминување на проблемот со неконтролираниот дотур кој предизвикува сообраќајни проблеми, особено во тесните улички низ Дебар Маало. Сепак, злоупотребувањето на овој несреќен случај, за кој се уште не се познати прецизно околностите во кои се случил, го сметаме за тенденциозен и крајно неодговорен чин“, се наведува во реакцијата на Општина Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top