Совршено вклопувајќи ја леснотијата и цврстината, Vis a Vis Chaise е лежалка која е веднаш забележлива со својот луксузен дизајн. Со префинет и релаксирачки изглед, оваа лежалка која ѝ пркоси на гравитацијата, едноставно фасцинира.
Лежалката е сместена на две шипки кои излегуваат од големо парче мермер, а самата е направена од природни материјали кои се рачно вплетени во челична рамка. Ова уметничко дело е креирано од страна на Enzo Berti и доаѓа во две верзии, со една или две лежалки.
Лежалката може да се употребува и во ентериер и на отворено, со тоа што верзијата за надворешна употреба е изработена од ПВЦ за да ги издржи временските услови. Нејзината шуплива рамка е многу лесна и приспособлива на сечии потреби.