Компанијата ВЕРДУРА во САД која е основана од еден шведски инженер, во својата програма почнала со производство на префабрикувани блокови кои се користат за изградба на вертикални градини.
Овој патент може да се употребува и е наменет за покривање на косините кај градежните зафати како што се мостовите, патиштата и слично, кои после изведбата остануваат голи и непривлечни за човековото око.
Овој производ има голема примена, со што се оплеменуваат голем дел од пределите покрај автопатите, но и покрај градските патишта и надвозници.