Оваа префабрикувана куќа во Њу Џерси е изградена за само 24 часа! Проектот е разработен од архитектот Марина Рубина, како дел од експеримент во кој таа е во потрага за барање на станбени решенија што се евтин и одржливи. Ова решение се покажа како повеќе од добро, бидејќи тоа овозможува да се дојде до него и тоа во многу краток временски период.
Куќата се состои од два двоетажни L модули, кои заедно сочинуваат околу 200 квадратни метри. Модулите се направени во фабрика за помалку од еден месец, монтирани за само еден ден, а потоа финиширани за една третина помалку време отколку што е потребно за конвенционалното градење, пишува Inhabitat.
При изготвувањето на модулите, се водело сметка градежниот отпад да се намали колку што е можно како и куќата да биде во подобра термичка и звучна изолација.
Благодарение на ефикасниот HVAC систем, големите настрешници и намалените димензии на отвори на осончаните страни, намалена е потребата за ладење. Големи прозорци на јужната страна овозможуваат многу светлина и топлина за време на зимските месеци.
На приземјето на оваа куќа се наоѓа дневна соба, трпезарија, кујна, канцеларија, додека на катот се наоѓа мирен блок со спални соби.
Во анексот на објектот сместено е мало студио што може да се користи како соба за гости.