Насловна / Архитектура / Префабрикуван дизајн на куќа која произведува повеќе енергија од што троши

Префабрикуван дизајн на куќа која произведува повеќе енергија од што троши

Со цел да се постигне одржливо решение за глобалното затоплување и климатските промени, потребно е да се елиминира или значително да се намали количеството на јаглерод, што се испушта во атмосферата од страна на човекот. Тоа може да се постигне само со т.н. „јаглерод-позитивни домови“, односно објекти кои користат обновливи извори на енергија и истовремено генерираат енергија за нивно користење.

куќа-мелбурн-1

Поради тоа, архитектонското студио ArchiBlox ја дизајнираше првата „јаглерод-позитивна куќа“ во светот. Еднокатниот прототип е инсталиран во Мелбурн, Австралија. Наместо да се потпира на механичко греење и ладење, оваа куќа има природна вентилација постигната со поставување на цевки во приземјето. Зелениот покрив и зелните вертикални градини го ладат просторот во летниот период, а дополнителна енергетска ефикасност се постигнува со рециклирање на дождовницата. Мебелот во ентериерот е изработен од дрво кое претставува одржлив извор и нетоксичен материјал.

куќа-мелбурн-2

куќа-мелбурн-3

куќа-мелбурн-4

куќа-мелбурн-5

куќа-мелбурн-6

куќа-мелбурн-7

куќа-мелбурн-8

куќа-мелбурн-9

 

Испрати коментар

Scroll To Top