Насловна / Вести / Предложени мерки за подобрување на енергетската ефикасност во ЕУ

Предложени мерки за подобрување на енергетската ефикасност во ЕУ

Европскиот парламент усвои амбициозни цели за енергетска ефикасност, првенствено намалување на потрошувачката на енергија во ЕУ од 11,7% до 2030 година (споредено со 2020 година). Се очекува тоа да резултира во намалување на емисиите на CO2 и ублажување на годишниот товар од увозот на енергија од 330 милијарди евра. Согласно овие нови мерки, се очекува земјите членки да мораат да ја намалат потрошувачката на енергија за 1,5% годишно, што прогресивно ќе се зголеми до 1,9% во 2030 година.

euparliament1

Зградите во ЕУ, кои се одговорни за 40% од потрошувачката на енергија и 36% од емисиите на стакленички гасови, се во фокусот на овие нови цели. Плановите предвидуваат климатски неутрален градежен сектор до 2050. Фокусот е исто така и на системите за греење и ладење, кои сочинуваат околу 80% од вкупната потрошувачка на енергија во домаќинствата. Вториот клучен предлог е задолжителното вградување на соларни технологии во новите згради, поточно комерцијалните згради до 2028, додека станбените згради најдоцна до 2032 година.

C40 Copenhagen

 

Испрати коментар

Scroll To Top