Насловна / Архитектура / Предлогот на Кенго Кума за археолошки музеј во Атина (ВИДЕО)

Предлогот на Кенго Кума за археолошки музеј во Атина (ВИДЕО)

Иако победата на меѓународниот архитектонски конкурс за проширување на Националниот археолошки музеј во Атина ја извојува решението на Сер Дејвид Чиперфилд, предлогот на неговиот колега од Јапонија секако не остана незабележан. Еве и зошто.

Бирото Kengo Kuma and Associates, здружено со грчката архитектонска пракса К- Studio, беше еден од учесниците на архитектонскиот конкурс за проширување на Националниот археолошки музеј во Атина.

2

Иако не го освои првото место, нивниот предлог е носен од идејата како да се претстави неверојатна архитектура преку суптилен, но импресивен гест на „подигнување на земјата“, што секако го привлече вниманието на јавноста.

ОТКРИВАЊЕ НА ЗАКОПАНО БОГАТСТВО

Предвидената шема е развиена преку чин на „откопување“ во обид симболично да се открие закопаното богатство со текот на времето, објаснија архитектите за DesignBoom.

1

„Нашиот предлог за музејот не е да создадме иконичен архитектонски објект, туку да создадеме патување на просторни, сетилни искуства што ќе ги пренесе наративите и неговата длабока историја. Со оглед на тоа што проширувањето на музејот е под земја, нашиот пристап кон архитектонскиот дизајн, беше дискретен и скромен, но секако карактеристичен“, велат од К-Studio.

Според претставениот предлог, планирано е влезот да биде на ниво на влезот во приземјето на постојниот објект, со цел да се обезбеди непречен пристап.

3

Проширувањето на музејот е суптилно сместено под линијата на прометниот булевар, додека кровот на објектот е покриен со зеленило и делува како пловечка градина.

Отвор во форма на пукнатина е стратешки формиран со подигање на земјата за да се поттикне љубопитноста и да се однесат посетителите понатаму во длабоката, експанзивна подземна шема. Овој гест ги поттикнува посетителите да се нурнат и да откриваат движејќи се меѓу артефактите.

УЛОГАТА НА ОСВЕТЛУВАЊЕТО ВО СЕТИЛНОТО ИСКУСТВО

Што се однесува до ентериерот, архитектите се одлучиле за високи и длабоки простори без столбови, кои се обложени со земјена и топла палета на материјали, додека организацијата на осветлувањето игра фундаментална улога во сетилното искуство.

4

Пригушената светлина ги води посетителите низ просторот, додека природната светлина нежно продира низ транспарентната фасада во форма на пукнатина за да ја истакне убавината на артефактите.

Отсуството на столбови создава чувство да се биде во пештера и ја максимизира флексибилноста, овозможувајќи излагање на големи скулптури и делови од објекти, кои тешко се прикажуваат во сегашните музејски простори.

Дополнителни програми, како што се аудиториум, музејски ресторан и кафе, со своите независни влезови, поставени се покрај пешачка променада, помеѓу универзитетот и НАМ, за да се поттикне интеракцијата и ангажирање на јавноста.

„Стратегијата на планирање за создавање искуство во ‘еден музеј’ е во воведувањето континуиран рбет на објектот за да се создаде непречен тек со издашни простори за дистрибуција и циркулација. Ова би го решило сообраќајниот метеж и би им олеснило на посетителите да се ориентираат кон посакуваните рути. Нашата стратегија е поедноставно и појасно програмско зонирање и планирање на циркулацијата и изложбено-оперативниот тек“, објаснуваат архитектите.

Испрати коментар

Scroll To Top