Насловна / Градежништво / Предлог-закон за градежни производи – поедноставување на административните постапки

Предлог-закон за градежни производи – поедноставување на административните постапки

Gradezni-rabotnici

Со постоечкиот Закон за градежни производи (сл. Весник на Р.М. бр. 39/06, 86/08, 47/11, 136/11 и 164/13), одредени се условите за пуштање на градeжни производи на пазарот и постапки за атестирање. Со овој закон беше усогласено националното законодавство со барањето на Директивата за градежни производи 89/10 CEEC. Од ЕУ е донесена нова регулатива 305/2011 за градежни производи, а во септември 2014 година Комитетот за градежништво и Европскиот парламент ги прифатија и објавија новите текстови на Анекс III и Анекс V од оваа регулатива.

Потребно е усогласување на законодавството на ЕУ во делот на Поглавјето 3.01 – Слободно движење на стоки во областа на градежништвото како неопходен услов за процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ, со цел олеснување на пласманот на македонските градежни производи на европскиот пазар. Правилата од новата регулатива 305/2011 со Анекс III и Анекс V, директно влијаат врз условите за градежните производи.

Овие услови постепено се одразуваат на:

– националните стандарди;

– националните технички одобренија;

– технички спецификации за градежните производи.

Овие правила се однесуваат на:

– безбедност на градбите;

– безбедност на градежните работи;

– безбедност на здравјето;

– заштеди на енергија;

– заштита на животната средина.

Предлог-законското решение би требало да ги поедностави:

– административните постапки;

– уредувањето на постојноста на градежните производи;

– усогласеноста со употребата на ознаката „CE“.

 

Со предлог-законот ќе се уредат барањата за:

– именувани тела;

– постапка за именување;

– обврски на именуваните тела.

 

Се уредуваат и:

– надзорот над спроведување на законот;

– надзор на пазарот;

– контрола и инспекциски надзор.

 

Предлог-законот за градежни производи содржи 10 поглавја во 65 члена. Првото поглавје го уредува предметот во делокругот на примена на законот, основните барања на градежните објекти, суштинските карактеристики на градежните производи, дефиниции кои се користат во овој закон. Министерството за економија е спроведувач на законот, го регулира неусогласеното подрачје, надлежно е за пријавување именувани тела и др.

Во второто поглавје се регулираат сите релевантни аспекти во врска со изјавата за својствата на градежните производи и нејзината содржина. Се регулираат општите начела и употребата на ознаката „CE“ и правилата и условите за поставување на ознаката „CE“.

Третото поглавје ги регулира градежните производи кои не се во согласност со овој закон, а се пуштаат на пазарот на територијата на Република Македонија.

Преку четврото поглавје се регулираат обврските на електронските оператори.

Во петтото поглавје е разработено подрачјето на хармонизирани технички спецификации. Посебни членови кои се однесуваат на хармонизирани стандарди кои претставуваат европски стандарди подготвени од европски тела за стандардизација.

Шестото поглавје се однесува за техничката оцена (TABS).

Седмото поглавје се однесува на именуваните тела кои треба да ги вршат задачите за третите страни во процесот на оцена и потврда на постојаноста на својствата според овој закон.

Поглавјето осум се однесува на надзорот на пазарот, контрола и инспекциски надзор со прекршочни одредби.

Деветото поглавје регулира одделни случаи кои се третираат како посебни постапки во врска со непостоење технички спецификации и сертификати за сообразност.

Преодните и завршните одредби кои се однесуваат на подзаконските акти се регулираат во десеттото поглавје.

 

Обврските на Република Македонија кон Европската Унија и земјите членки на ЕУ, кои произлегуваат од овој закон и одредбите во врска со означувањето „CE“, ќе започнат да се применуваат по пристапувањето на Република Македонија во ЕУ или потпишување на АКА Протоколот. Целта на АКА Протоколот е отстранување на техничките бариери во трговијата меѓу државите членки на ЕУ и државата кандидат.

Испрати коментар

Scroll To Top