100architects го претстави својот предлог за обнова на пешачкиот мост Puji Road во Шангај, иконичниот мост преку Suzhou Creek кој ги поврзува градските четврти Zhabei и Jing’an.
The Suzhou Creek е познат како музеј на мостови поради голем број структури кои преминуваат преку водата. Овој мост прв пат е изграден 1997. година само за пешаци. Во 2009. година за Светската изложба во Шангај, мостот е реновиран за да се овозможи, покрај за пешаци и пристап за велосипеди и скутери, подобрувајќи ја поврзаноста меѓу населбите.
Мостот се протега во должина повеќе од километар, како издигната платформа од која се пружаат единствени урбани погледи од една од најрепрезентативните области на Шангај. Меѓутоа тоа во моментов е потценето во споредба со другите мостови кои преминуваат преку Suzhou Creek, сокривајќи ја неговата единственост и потенцијалот да стане урбана знаменитост на Шангај.
Предлогот на 100architects има за цел да го претвори мостот во возбудлив подигнат парк кој преминува преку градот, нудејќи уникатно урбано патување низ една од најгустите области на Шангај.
Сивиот асфалт отстапува место на смели и светли бои, претворајќи го мостот во привлечна издигната градска орјентација. Дизајнерската стратегија на High Loop ги организира различните циркулации по бои, создавајќи хиерархија на различни ритмови и чекори во кои мостот може да се преминува. Додека права патека во интензивна, лимон зелена боја ја дефинира брзата стаза за велосипеди и моторцикли, намерно е воведена кривулеста патека во боја магента, за да се забави циркулацијата на пешаци. Контрастната клучка ги поттикнува пешаците полека да се движат, уживаат во патувањето и привилегираните погледи на Шангај и Suzhou Creek.
Како боја за позаднината, цијан сината ги дефинира просторите за сопирање и боравок, просторите за дружење, средби и собирање. Од прошетка по платформата до просторите за дневен боравок или мини амфитеатри, сместени во џебови сина боја каде се наоѓа сиот контрасен жолт градски мебел и општествени функции, потикнувајќи го изгледот на тие џебови.
Воедно се воведуваат нови садници или како украсни елементи или како функционални раздвојувачи на моторциклистичка и пешачката патека.
Дизајнот не ја менува моменталната структура, туку ја преобликува со додавање на шарени, обоени слики и функционални урбани објекти, подобривајќи го системот на циркулација и додавајќи урбани џебови.