Прашањето за контрола и одбрана од поплави е доста важно за големите градови кои се изложени на големи количества дожд, порои или на растот на плима.
Концептот наречен Next Tokyo 2045, осмислен во соработка на Kohn Pedersen Fox Associates со Leslie E Robertson Associates, предвидува сосема нов град, кој би се изградил во Токискиот залив.
Бариера за океанските бранови би била обезбедена преку серија вештачки острови во форми на хексагони, а со центарот на градот би доминирала висока кула (1.609 метри), во која би живееле 55.000 жители.
Ако овој план се оствари, облакодерот ќе биде речиси двојно повисок од Бурж Калифа во Дубаи, чиј врв достигнува 828 метри.
Концептот предвидува облакодерот да собира и филтрира вода, додека енергија ќе се добива од соларни панели.