Архитектонското студио TheeAe го објави својот проект за конкурсот за објектот на регионалната библиотека во Варна, Бугарија. Со новиот објект, всушност, треба да се обединат шест регионални библиотеки на една единствена локација.
Според архитектонскиот концепт на TheeAe, зонирањето на објектот е многу внимателно изработено, но исто така посветено е сериозно внимание и на искористувањето на природната светлина и во самиот објект, но и за околните згради.
Геометријата на објектот е мошне прецизно проектирана во оваа смисла. Книгите се поставени на површина од околу 5.000 квадратни метри, најмногу на петтиот кат. Остатокот од книгите се вертикално наредени во транпарентни полици, така што се создава еден интересен ефект за посетителите.
Зградата е прекриена со бели метални проширувања кои оневозможуваат директно сончево зрачење.
Навистина оптимален спој на естетика и енергетска ефикасност.