Насловна / Вести / Предлог ДУП Мал Ринг, а сеуште има многу отворени прашања и судски постапки

Предлог ДУП Мал Ринг, а сеуште има многу отворени прашања и судски постапки

Јавната презентација по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024, ќе се одржи во просториите на Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1) во сала за состаноци, барака 6, на ден 22.7.2020 година (среда) во 10.00 часот.

4_resize

Предлог – ДУП Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1 е изложен во просториите наУЗ „Мирче Ацев“, Центар, (ул.„Орце Николов“ бр.29) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 6.7.2020 до 31.7.2020 година.

Во меѓувреме ДУП – Мал Ринг 1, повторно ја бранува јавноста и повторно е изработен од истата планерска куќа „ИНПУМА“, како и сите предходни скандалозни мали рингови.

ринг_resize

Суштински не е променето речиси ништо. Во петокот советничката Јана Белчева Андреевска, достави до градоначалникот на општината, Комисијата за урбанизам и Советот на Општина Центар, барање ДУП „Мал Ринг“ да биде повлечен, одново стручно разгледан, а анкетата пред јавноста да биде одложена за периодот по септември 2020. Белчева Андреевска изјави:„ Ќе ги набројам само кусо објектите за кои се отворени постапки и дискусии, но се уште се дел од планот. Тоа се: „Шпански скали“, меморијалниот објект „Мајка Тереза“, катната гаража во зеленилото зад Собранието и Домот на АРМ, сите споменици од „Скопје 2014“, објектите во коритото на Вардар, па дури и онаа спорна ќебапчилница пред хотел „Холидеј Ин“. Целото образложение на советничката која прашува „која е причината да се брза со план за којшто има толку многу отворени прашања и постапки“? можете да го погледнете тука.

3_resize

31_resize

Градоначалникот Саша Богдановиќ изјави дека општина најодговорно се однесува со овој ДУП. Вели дека успеал да го поништи одобрението за „Шпански скали”, поднесени се до ОЈО 27 кривични пријави поврзани со проектот Скопје 2014, преземени се дејствија и покренати се обвиненија. Тој вели и дека се започнати судски спорови за раскинување на дел од договорите за отуѓување на државното земјиште и истото да биде вратено во сопственост на општината. Од планот се избришани 15 киосци и фонтани и споменици за кои не се започнати правни дејствија.

1_resize

Бруто процент на изграденост 74.3%

Останува да се види што ќе покаже јавната анкета, а и закажаната јавна расправа, особено кога станува збор за план кој е центарот на државата, за кој како што и самиот градоначалник вели има многу проблеми и судски постапки во тек, а е изработен од истата планерска куќа која го изработила и предходниот ДУП за Мал Римг за кој се водат судски спорови. Во Општина Центар работата на плановите е макотрпна, особено оние наследените. За дел од плановите се уште е на сила мораториум, па може да се запрашаме зошто не мораториум и за Мал Ринг, особено поради судските постапки и потребното време за нивно разрешување, па потоа план?  Во меѓувреме се чека, како што вети градоначалникот, да се распише конкурс за локацијата „Треска“, да се види што е со ДУП Ц08 (локацијата спроти Холидеј Ин), за кој се дигна исто така бура во јавност, неговата доработка продолжи па застана, а и таа исто така од истата планерска куќа (за еден денар) и исто така под притисоци на инвеститор и влијание на архитекти вклучени од страна на инвеститорот, желни за парче од колачот, што повеќе квадратни метри изградена површина, повеќе квадратни метри проектирање.  Во меѓувреме конечно е раскинат договорот со планерската куќа за Дебар Маало, треба да се завршат спорните планови и направат нови за делови на општината кои досега немале рамномерен развој.

2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top