Познатиот француски street art уметник JR, повторно воодушевува и изненадува со своите улични интервенции. Неговата најнова работа вклучува две инсталации на атлетичари, посветена на претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро.
Првата спектакуларна инсталација се наоѓа на еден облакодер и покажува скокач во вис, односно 27-годишниот Mohamad Younes Idriss од Судан. Втората, која е намерно поставена во близина на вода, покажува спортисти од дисциплината скокови во вода.
Инаку, овие интересни и посебни дела се поставени на градежни скелиња, со цел припреми на градските фасади и локации во пресрет на Олимписките игри, чиешто свечено отворање е на 5 август, а затворање на 21 август.