Во склоп на активностите на Smart Solutions – авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, почестени сме повторно да ве поканиме да ни се придружите на Autodesk предавање во живо – четврто од низата БИМ активности оваа година.
Главен предавач на овој настан ќе биде добро познатиот БИМ експерт Трајче Стојанов од СЕМОС Едукација и ќе говори на темата: „4D симулации во Navisworks и Revit“.
Настанот ќе се одржи на 30.05.2023 (вторник) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на настанот:
09:30-10:00 – регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 – добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:05 – Трајче Стојанов | „4D симулации во Navisworks и Revit“
11:05-11:20 – прашања и одговори
Предавач:
Трајче Стојанов | БИМ Инструктор, Семос Едукација
Архитект, БИМ консултант и БИМ инструктор во Семос Едукација.
Едукација со повеќегодишно искуство на проекти во земјава и странство. Последниве 2-3 години, тој е инволвиран во комерцијални и истражувачки проекти на полето на БИМ мандатирање и воведување на дигитални градежни дозволи базирани на БИМ.
Информации за настанот:
Дата и час: 30 мај 2023 година (вторник), 09:30 часот
Место на настанот: Сала за конференции на Комора ОАИ
ВАЖНО: Регистрацијата се врши на веб страната на Комората >