Насловна / Вести / Предавање на професорот Сагламер од Турција на Градежниот факултет – Скопје

Предавање на професорот Сагламер од Турција на Градежниот факултет – Скопје

Согласно воспоставениот тренд на организирање средби помеѓу членовите на Друштвото за геотехника, веднаш после успешните „Геотехнички денови во Комората”, најавено е стручно предавање на почитуваниот професор Ахмет Сагламер од Турција како визитинг професор на Градежниот факултет – Скопје.

Насловот на предавањето е „Innovative Approaches in Geotechnical Engineering: Construction of Galata Cruise Port (Galataport)” во кое се преточени искуствата од проектирање и надзор при изведба на овој капитален објект во Истанбул.

Предавањето ќе се одржи на ден 12.04.2023 година (среда) во период oд 11.00 до 12.00 часот во амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје.

memo_geotethnika2

Испрати коментар

Scroll To Top