Денес (21 мај), БИМАС 2016 организира особено интересен, интерактивен настан „Рециклиран град“, проект на архитектонско-уметнички интервенции на група македонски архитекти, кој ќе посочи на конкретни објекти или локации кои, или се пренаменети или имаат потенцијал да бидат пренаменети.
Настанот е во форма на автобуска тура која започнува во 16 часот пред Музејот на град Скопје, а која ќе ги обиколи локациите и ќе финишира со предавање на Горан Мицковски, професор од Архитектонскиот факултет, на темa „Трансформација на индустрискиот простор во Скопје“.
Предавањето е во рамките на манифестацијата БИМАС 2016.