Вечер (20 мај) во 20 часот, на Архитектонски факултет при УКИМ, Скопје, ќе се одржи предавање со Мароје Мрдуљаш, значаен гостин од Хрватска, архитектонски критичар, писател и уредник на влијателното хрватско списание за архитектура – Oris, кој ќе говори на тема „Модернизација, отворени системи, трансформации“, осврнувајќи се на модерната архитектура во Загреб од 50-тите до 70-тите години на минатиот век.
Предавањето е во рамките на манифестацијата БИМАС 2016.