Утре (8 март) во Кралскиот институт на британски архитекти (РИБА) во Лондон, младиот македонски архитект Драган Крстевски ќе одржи предавање со наслов Rebuilding the modern city, посветено на планот на јапонскиот архитект Кензо Танге за Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Предавањето е дел од архитектонскиот настан Make no small plans.
Драган Крстевски завршил Архитектонски факултет во Скопје, а денес живее во Лондон и работи во архитектонското биро Make Architects.