Насловна / Вести / Пречистителна станица во Кочани со швајцарска донација

Пречистителна станица во Кочани со швајцарска донација

kocani
Општина Кочани добива систем за собирање и третман на отпадните води вреден 23 милиони швајцарски франци, донација на швајцарската федерација, а е заеднички проект на Владата на Република Македонија и Министерствотро за животна средина и просторно планирање, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

– Проектот предвидува изградба на пречистителна станица за отпадни води која ќе ги опфаќа колекторските системи од градот и уште шест населени места од општината, потоа изградба на главен колектор од градот до локацијата предвидена за пречистителна станица и набавка на опрема за работа и одржување на канализациската мрежа. Овие зафати ќе чинат 23 милиони швајцарски франци, најголема швајцарска инвестиција досега во државата, од кои околу 2 милиони обезбедува Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Кочани, истакна Димитровски.

Тој додаде дека проектот кој ќе се реализира во оваа и во наредната година е од извонредна еколошка важност бидејки со третманот на отпадните води од Кочани, реката Брегалница ќе добие чиста вода која ќе биде безбедна за користење во водоснабдување, за пиење, за наводнување на земјоделски површини и воспоставување на водниот баланс и заштита на еко системот.

На новинарско прашање дали и соседните општини Виница и Зрновци ќе можат да се приклучат на пречистителната станица, Димитровски истакна дека таа е димензионирана да ги прифати и водите од овие општини, но за тоа ќе треба да се изработи дополнителна студија.

Инаку, Швајцарската влада обезбеди консултантска куќа која од денеска веке работи на изработка на проектот пречистителна станица во Кочани.

Испрати коментар

Scroll To Top