Архитектонското биро „Wutopia Lab“ направило проект за обнова на православната црква од 1932 година на улицата Gaolan во Шангај. Сепак, црквата на оваа адреса не постои веќе многу години, па во последните децении, оваа зграда била канцелариски простор, фабрика, кантина, потоа клуб и ресторан, а потоа е целосно напуштена.
Меѓутоа, сега зградата е претворена, како што велат архитектите, во „светилиште посветено на стихови“. Во рамките на објектот од 388 квадратни метри, сега има книжарница со повеќе од 1.000 наслови на повеќе јазици, а книгите се изложени во централна челична полица тешка 45 тони која ја следи оригиналната архитектура на објектот.
Целиот проект е работен под будното око на Заводот за заштита на историски градби на градот Шангај. Постоечката фасада, структурниот систем, основата и препознатливата внатрешна декорација на ѕидовите и куполата не семееле да се променат. Дозволено е да се отстрани челичната конструкција изградена во 90-тите години на минатиот век, со која внатрешноста на објектот е поделена.
Сите последователни конструктивни доработки се отстранети со цел да се врати првобитната состојба како што било во 1932 година. Сите оригинални материјали, конструкција, цветна декорација, подови, но и сите детали што биле додадени до 2019 година, се задржани.
Откако објектот е вратена во претходната состојба, пристапено е на осмислување на обнова на просторот со цел да се прилагоди на новата функција – а тоа е книжарница. Архитектот се одлучил за концептот кој тој го нарекува „црква во црква“.
„Со оглед на фактот дека куполата не можеше да се трансформира, користевме полици за да создадеме нова структура како црква во старата зграда на некогашната вистинска црква. Така е создадено светилиште на современи луѓе на местото каде порано се наоѓаше светилиштето на верата“, вели архитектот од шангајското архитектонско биро Wutopia Lab.
Масивната челична полица нема заден дел, така што ѕидовите не се прекриени. Благодарение на тоа, за посетителите се отвораат разни траги на ѕдовите и столбовите од 1932 до 2019 година, вклучувајќи фрески во западноевропскиот реализам, кои почесто се среќаваат во католичките цркви. На барање на сопственикот на ресторанот, тие биле нацртани од студенти на Академијата за уметности во 2000 година.
Преку куполата, светлината влегува во просторот, ја преминува полицата и ги осветлува книгите. Челичната полица и црквата од тули станале едно.
Во рамките на објектот, организирани се две кафулиња на источната и западната страна од зградата.