Насловна / Вести / Prada отвара кафуле во Фиренца кое е ода на италијанското лето

Prada отвара кафуле во Фиренца кое е ода на италијанското лето

Prada го реновираше историското Caffe Principe во приморското одморалиште Versilia со необичен ентериер и вкусни задоволства…

5

Колку и да звучи банално, тешко е да се зборува за новото тосканско кафуле на Prada, Caffe Principe, без да се спомене „la dolce vita“. Сместено во луксузното приморско одморалиште Versilia, Caffe Principe првпат е отворено во 1930-тите, а во 1950-тите и 1960-тите се развило во популарна летна дестинација за филмските ѕвезди и други членови на италијанската елита.

4

Кога групацијата Prada минатата година го купи Principe, многумина претпоставуваа дека ќе го трансформира просторот во уште една слаткарница позната по слатки налик на скапоцени камења и ентериери во нијанса на зелена боја на нане (слична нијанса го краси неодамна отвореното Prada Caffe во лондонски Harrods), во сопственост на групацијата Prada од 2014 година.

3

Но, Prada го задржала оригиналниот стил на кафулето Principe, истовремено оживувајќи го со некои препознатливи Prada детали. Архитектот Мишел Бонан развил мебел кој потсетува на оригиналите од 1950-тите, вклучувајќи плетени маси и столици, сино – бели перничиња за седење на отворено и маси Formica.

6

Класичната Principe сина, исто така е присутна насекаде, надополнета со завеси и тапети во сино-зелена графичка шема во стилот на 1960-тите, преземена од архивите на модната куќа Prada.

2 1

Униформите, секако, ги дизајнирала Miuccia Prada, со извезени бели кошули, темносини фармерки и бели патики или еспадрили.

Менито содржи лесни, летни прикладни класици, како caprese салата и мали сендвичи, како и ново издание на фокача од сирење.

8 7

Испрати коментар

Scroll To Top