Насловна / Вести / Prada и Axiom Space соработуваат на дизајнот на оделата за NASA

Prada и Axiom Space соработуваат на дизајнот на оделата за NASA

Италијанската модна куќа Prada и тексашкиот стартап Axiom Space, ќе соработуваат на дизајнот на вселенските одела на NASA за лунарната мисија Artemis III, планирана за 2025 година. Ова го објавија компаниите во заедничко соопштение до јавноста. Соработката е планирана од самиот процес на почетен дизајн, преку изборот на материјали и финалната изработка на оделата за астронаутите.

prada1

prada2

Axiom има потпишано договор со американската вселенска агенција NASA, за развој на вселенски одела кои астронаутите ќе ги носат на Месечината, но и во склоп на другите вселенски програми. Мисијата на NASA, наречена Artemis III, предвидена е за 2025 година, и ќе биде првата мисија за слетување на површината на Месечината на човечки екипаж по декември 1972 година, кога е реализирана мисијата Apollo 17.

prada3

Испрати коментар

Scroll To Top