Додека за многумина електричниот автомобил е начин да обезденат ефтин односно одржлив превоз, автомобилската индустрија покрај трката за што подобар електричен автомобил води уште една трка – што полуксузен модел на електричен погон. На тој пат се појавувале и бројни препреки, а на една од нив „налетал“ и Volkswagen поради проблеми со софтверот.
Но компанијата неодамна инвестирала сериозни пари во американска компанија која посебно се истакнува по својата стручност во областа на софтверот, па сега се најавува дека долгоочекуваниот електричен VW Golf би можел да стигне на пазарот пред очекуваниот рок. Засега моделот го носи фабричкото кодно име ID Golf, а би можел да биде лансиран во 2029 година или дури и порано, како прв модел базиран на новата SSP платформа. Претходно зацртаниот рок бил 2030 година.