Насловна / Вести / Познатите производители на играчки, ја исфрлаат пластиката од составот на своите производи

Познатите производители на играчки, ја исфрлаат пластиката од составот на своите производи

Многу од големите компании за производство на играчки се обидуваат да станат еколошки прифатливи, после децении базирани на еколошки деструктивната пластика во своите производи и амбалажата. Пандемијата создаде неочекуван и брз пораст на побарувачката на играчки, првенствено поради воведувањето на карантин. Затоа, оваа година се очекува поголема заработувачка, особено во периодот на сезонските распродажби. Пронаоѓањето на алтернатива за пластиката е пресудно за борбата против климатските промени. И производството на пластика и пластичниот отпад имаат погубни ефекти по планетата – од ефектите на стаклена градина до натрупувањето на отпад во океаните. Усвојувањето на „еколошки прифатлив“ маркетинг е исто така важно за овие компании, бидејќи купувачите стануваат повеќе свесни дека нивните секојдневни избори влијаат на планетата. Во продолжение неколку компании за производство на играчки, чии производи наскоро ќе добијат поинаков изглед.

Uno

Компанијата објави дека нивните карти сега можат 100% да се рециклираат, а планира да биде отстранет и целофанот од амбалажата до 2021 година.

uno1

Lego

Lego планира да користи хартија за пакување која може да се рециклира, а не пластика за еднократна употреба. Компанијата изјавила дека до 2025 година целата амбалажа ќе биде направена од обновлив или рециклиран материјал. Но, проблемот со пластиката и натаму е огромен. Коцките од овој бренд кои забележале огромен раст во продажбата од почетокот на пандемијата, бараат 90.000 метрички тони пластика годишно за нивното производство. Оваа компанија со години работи на алтернатива на пластиката и има одреден напредок, но сеуште пластиката е доминантна.

uno2

Little Tikes

Оваа компанија која произведува разновидни играчки, вклучувајќи и скутери, лулашки и колички, ја објави својата нова линија на играчки направени од рециклирана пластика и спакувани во рециклирана амбалажа. Ако играчката се оштети, завршува во канта за рециклирање, по што повторно ќе се користи во некој друг облик. Компанијата стартувала и нова линија на играчки од дрво – Wooden Critters.

uno3

Rock-a-Stacks

Оваа компанија е синоним за пластичен отпад. Шупливите, разнобојни пластични прстени наредени според големина и бои, во иднина ќе се прават од пластика на база на шеќерна трска. Пакувањето ќе биде од 100% рециклиран или некој друг одржлив материјал, а сето тоа ќе се реализира до крајот на 2020 година.

uno4

Испрати коментар

Scroll To Top