Холандскиот уметник Berndnaut Smilde во просториите на празни галерии и музеи создава вистински облаци, а овој пат тоа ќе го стори во галеријата Ronchini во Лондон. За да се направи успешна инсталација со облаци, потребна е идеална рамнотежа на влага, температура и осветлување. Ефектот на произведен облак трае само неколку минути, а за тоа време уметникот ја фотографира оваа метеоролошка појава. Изложбата насловена Antipod се состои од нови дела, како и веќе познатата серија Nimbus, која е секогаш интереснa и визуелно привлечнa. Идејата за користење на облак за уметничка цел е родена од фасцинацијата на Smilde со нивното движење, а фотографиите се единствена потврда за успешноста на експериментот.