Познатиот српски concept store „Супермаркет“ отвори своја продавница на берлинска адреса, поточно во „Бикини Берлин“, центар кој во своите рамки содржи исклучиво концепт на продавници? Така, по Белград и Црна Гора брендот „Супермаркет“ се најде на многу интересна локација, во самиот центар на градот.
Просторот на „Супермаркет“ се наоѓа на површина од 800 квадратни метри, од кои 200 зазема ресторанот и добро познатата гастрономска понуда. Терасата се протега на 100 квадратни метри и има поглед на зоолошката градина. Целиот простор е уреден во препознатливиот стил, со фокус на младите дизајнерски имиња, етаблирани брендови и голем број детали кои го прават местото посебно.
Исто така, ентериерот може да се приспособи по потреба, а посебно внимание во уредувањето било посветено на градежните материјали кои не влијаат негативно на животната средина и рециклирањето на ресурси. „Супермаркет“ во понудата има брендови како што се Balmain, Brown, KPM, Muuto, Norman Copenhagen и llot llo, а српскиот concept store веќе е на листата „мора да се види”, кога станува збор за Берлин.