Согласно одлуката на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија за распишување на избори број 02-185/11 и одлуката на Управниот одбор број 03-259/1, изборната комисија, во рамките на своите надлежности ги спроведе распишаните избори за нови членови во Собранието на Комората.
По вчерашното завршено гласање, сумираните резултати за нови делегати во Собранието на Комората за мандатот 2016-2020 се во прилог.
Следува изборот на нови раководители на одделенија во неделата што следи, а потоа избор на нов Претседател на Комората на седница на Собранието, планирана за 11 Јуни 2016.
Кандидати за Претседател на Комората се:
- М-р Соња Черепналковска од Градежништво,
- М-р Жаклина Ангеловска од Урбанизам,
- Д-р Миле Димитровски од Машинство и
- Игор Стамески од Електротехника.
Централна изборна комисија:
Димче Атанасовски, Координатор на изборните процеси,
Беким Емурлаи (градежништво),
Кристинка Радевски (архитектура),
Христинка Матовска (електротехника),
Емил Чичевалиев (машинство),
Маријана Стефановски (урбанизам)