При изработката на еден архитектонски објект се разбира важно е и искуството и барањата на луѓето кому тој објект е наменет з акористење. Веројатно оваа специфичност е особено изразена кога станува збор за спортски објекти.
Проектите за значајни спортски објекти често се со потпис од познати архитектонски компании, како што е тоа случај со Herzog&de Meuron кои се автори на фудбалскиот стадион на Челзи во лондон, потоа Kengo Kuma кои го проектираа Олимпискиот стадион за Токио 2020 и други.
Неодамна, компанијата HOK, посегна по необичен ресурс за проектирање на рагби стадиои – рагби играчите лично. Се работи за тим составен од легендарните рагби играчи: Jamie Roberts (Велс), Tim Visser (Шкотска), James Horwill (Австралија) и Danny Care (Англија) од кои е побарано да ги нотираат своите идеи и сугестии како играчи но и како навивачи.
Притоа, рагби играчите обрнале особено внимание на влијанието на поголемата поврзаност меѓу играчите и навивачите, како и користењето на напредните дигитални технологии за информации за текот на играта во реално време.