Познатите музичари, меѓу кои Пол Макартни, Џон Бон Џови и Шерил Кроу снимија заедничка песна за климатските промени.На списокот музичари се и Никол Шерзингер, Шон Пол, Леона Луис и Колби Кајат. Видео-спотот за песнатa Love Song to Planet Earth веќе излезе на „Ајтјун“ и „Епл мјузик“. Приходот од песната, која може да се купи за 69 центи, наменет е за Фондот na OН „Пријатели на Земјата“. Песната е снимена како поддршка на големата конференција за климата во декември во Париз. Love Song to Earth официјално ќе се промовира на 11. септември.