Прогласени се финалистите за европската награда „Зелена престолнина“ за 2019 и наградата Green Leaf за 2018 година. Финалисти во трката за зелена престолнина на Европа се Гент (Белгија), Лахти (Финска), Лисабон (Потругалија), Осло (Норвешка) и Талин (Естонија), додека финалисти за Green Leaf се Левен (Белгија), Лудвигсбург (Германија) и Ваксјо (Шведска).
Градовите што се најдоа во најтесниот избор во наредниот период ќе мораат да ја докажат својата посветеност на континуираното унапредување на животната средина и одржливиот развој. Наградите ќе бидат доделени на втори јуни годинава во Есен, кој е актуелен лауреат за Зелена престолнина на Европа.
Наградата „Зелена престолнина на Европа“ е востановена со цел да се оддаде признание на поголемите европски градови кои се посветени на екологијата. Популарноста на оваа манифестација од неодамна ја покрена и наградата Green Leaf со истата цел, но која се доделува за достигнувањата во оваа област на помали гратчиња ширум Европа.