Насловна / Архитектура / Познати добитниците на наградата за архитектура Mies van der Rohe 2019

Познати добитниците на наградата за архитектура Mies van der Rohe 2019

Оваа година наградата Mies van der Rohe, помалку е различна од предходните по тоа што во финале влегоа неколку проекти на адаптација на веќе користени простори. На изненадување на сите, токму проект за реконструкција на станбен блок ја доби главната награда.

1
Станува збор за обемен и комплексен проект на обнова на 530 станови во Бордо, Франција кој проект го потпишуваат бироата Frédéric Druot Architecture, Lacaton & Vassal Architectes и Christophe Hutin Architecture.

00

Како што наведува жирито се работи за иновативен пристап благодарение на кој се ревитализирани три големи станбени згради од шеесетите години на минатиот век. Со проектот сите станови добиле квалитетни простори за живеење, а нагласени им се и постоечките квалитети и дополнети недостатоците. Архитектите на зградите им додале балкони и зимски градини.

2
Уште едно француско архитектонско биро ВАЅТ од Тулуз, доби посебна награда за најдобар проект во создавање. Станува збор за проектот School Refectory кој се наоѓа во Горна Гарона, област на југозапад на Франција.

3

Интересно е дека и во овој случај се работи за интервенција на веќе постоечки објект, каде голема кантина за околу 60 ученици е додадена на главната зграда на училиштето, така што визуелно, но не и физички го оградува училишниот двор.

0
Свечената додела на наградите ќе биде одржана на 7. мај во павилјонот Mies van der Rohe во Барселона.
Повеќе за самите проекти прочитајте овде и овде.

Испрати коментар

Scroll To Top