Интересната уметничка инсталација облепена од метри и метри селотeјп, дело на креативното трио Numen/For Use, моментално е изложена во Париз. Се работи за инсталација Tape Paris која во прекрасниот простор на Palais de Tokyo е дел од групната изложба Inside. По обиколката на светските градови како Токио, Мелбурн, Стокхолм, Фиренца, Берлин, Виена и други градови, инсталацијата стигна и во Париз.