Насловна / Архитектура / Познатата арена во Верона добива суптилен подвижен покрив

Познатата арена во Верона добива суптилен подвижен покрив

Интервенции на знаменитости стари повеќе и од 2000 години, не е лесна работа. Затоа е распишан меѓународен конкурс, кој ќе обезбеди најдобро можно решение. Од поднесените 87 дела, за најдобро решение е избрано дело кое е потпишано од германската архитектонска фирма GMP Architekten. Ако се оди според планот, нивниот предлог за подвижен покрив ќе стане составен дел од познатата историска арена во Верона.

Во соработка со инженерите од компанијата Schlaich Bergermann and Partners, архитектите од GMP Architekten дизајнирале суптилно решение, што нема да влијае на изгледот на постојната историска градба, пишува Designboom.architects-verona

Основниот материјал на подвижниот покрив од околу 12.000 квадратни метри е ткаенина покриена со заштитна фолија. Ткаенината ќе се движи со помош на сајли кои, кога покривот ќе биде спакуван, ќе бидат целосно скриени под еден кружен носач, па ќе бидат сосема незабележливи кога арената ќе биде отворена.Pokretni-krov

Арената во Верона датира од 30-иот век пред нашата ера и се уште е домаќин на концерти, претстави и слични културни настани. Токму поради ова, потребно е да се постави подвижен покрив кој нема да го оштети изгледот на градбата, и ќе биде во состојба ефикасно да ја заштити и арената и нејзините посетители.Pokretni-kro Подвижен покрив

Испрати коментар

Scroll To Top