Демијан Хирст за хуманитарната вечера на Фондацијата amfAR Cinema Against AIDS создаде позлатен скелет од мамут. Мамутот е три метри во должина, сместен во стаклена кутија со златна рамка, и на тој начин изгледа како познатите серии на делата на Хирст во формалин. Само цената на делото Gone but not Forgotten Gone е многу повисока, бидејќи ќе биде изложена на добротворна гала вечера на Фондацијата amfAR Cinema Against AIDS во Кан, која ќе се одржи утре. Проценката на крајната вредност на мамутот, наводно, ја надминува цената од неколку милиони долари.