Вечерва (1 ноември), во FLUX Gallery во Скопје со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба „Позитив-негатив-преобразби“ на Благојче Наумоски-Банe.
Темата на изложбата, според уметникот, е дека иако сите суштества на планетата земја со својата дуалистичка природа живеат во постојана борба на позитив/негатив, енергијата е таа што ги обновува и ги обединува луѓето.