Насловна / Вести / Пожарот кај Велес локализиран, изгоре 50-годишна шума

Пожарот кај Велес локализиран, изгоре 50-годишна шума

Големиот шумски пожар кај Езерото Младост кај Велес е локализиран, информираат противпожарните служби. Во пожарот, кој вчера го зафати делот околу Езерото Младост, изгореа 200 хектари борова шума, а пожарот бил распространет на 400 хектари.

pozar

Според ЈП Македонски шуми, вкупно се опожарени 400 хектари површина, од нив изгорена е педесетгодишна црноборова шума на 200 хектари и исто толку трева. Изгоре и една викендичка и една свињарска фарма. Четири лица се приведени и осомничени дека го предизвикале пожарот.

Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Неготино и Скопје, припадници на АРМ, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и од велешкото јавно комунално претпријатие „Дервен“, два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и еден армиски хеликоптер.

Според првичните сознанија пожарот бил предизвикан поради невнимание. Четворица вработени во браварска работилница работеле со брусилица, при што од искра се запалила блиската трева, а огнот бргу се проширил и предизвика огромна штета.

pozar1

Испрати коментар

Scroll To Top