Гасењето на пожар кај електричните возила не е обична задача за пожарникарите, туку е многу потешко да се направи отколку што е тоа случај со возилата со мотори со внатрешно согорување, бидејќи процесот бара огромни количини на вода. Пожарникарите во Вашингтон имаат ефикасно решение. Станува збор за специјално креирана покривка. Имено, во случај на пожар кај електричните возила се генерира голема количина на топлина. Имало доста случаи во кои пожарите се активирале и после неколку недели од првобитниот.

Пожарите на елктричните возила неретко се случуваат, но ретко се пренесува целата сторија. Официјалните податоци говорат дека се регистрираат околу 25 пожари на секои 100.000 продадени вакви возила во САД. Тоа звучи загрижувачки, но ако се направи споредба со возилата со мотори со внатрешно согорување, тие бележат 1530 пожари на 100.000 примероци. Според тоа, пожарите кај електричните возила се многу поретки, но истовремено многу потешки за совладување и носат поголеми ризици.
