Насловна / Вести / Пожарите рушат рекорди според зафатените површини и емисиите на јаглерод

Пожарите рушат рекорди според зафатените површини и емисиите на јаглерод

Јули 2021 година беше најлош по страшни шумски пожари ширум светот откако се врши редовен сателитски надзор, но негативен рекорд забележан е и по количината на јаглерод диоксид во атмосферата кој е испуштен во тие пожари.

Поттикнати од екстремно високите температури и долготрајните суши, пожарите продолжуваат да беснеат во Северна Америка, Сибир, Африка и јужна Европа, испуштајќи 343 мегатони јаглерод во атмосферата, што е околу една петтина повеќе од претходниот јулски максимум, забележан во 2014 година, пишува британскиот Гардијан.

evija_resize

Листот наведува дека овие до сега незапамтени пожари поставиле само уште еден во серијата негативни рекорди кои ги демонстрираат катастрофалните последици од глобалното затоплување предизвикани од човековите постапки.

Марк Парингтон, научен соработник во Службата за атмосферски набљудувања ЕУ Коперникус, која ги мери и емисиите на јаглерод, изјави дека овој јули „јасно се истакнува“ и дека глобалните емисии на јаглерод се најголеми од кога во 2003 година се започнати сателитските набљудувања.

Повеќе од половина од јаглерод диоксидот потекнува од два региони кои минуваат низ невообичаено топол и сув период – Северна Америка и Сибир. Бранот на долги периоди на висока температура во западна Канада и САД беше проследен со шумски пожари, а тајгата во Сибирска Јакутија беше во пламен и покриена со отровен чад што се прошири до Арктикот.

sib_resize

Големата опасност е фактот дека во многу делови на светот сезоната на шумски пожари допрва доаѓа, а тоа особено се однесува на Јужна Америка и Африка, каде пожарите предизвикуваат многу повисоки емисии на штетни гасови отколку во Европа.

Во моментов во Европа, најмногу се борат со пожари земјите од источниот и централниот Медитеран.

tur_resize

Во Турција, од почетокот на годината до крајот на јули гореле 128.000 хектари вегетација, што е осум пати повеќе од просекот. И на Кипар, површината зафатена од пожари била осум пати поголема од просекот.

Според истиот извор, Европскиот информациски систем за шумски пожари, во средината на јуни во Италија немало области под пожар, а во јули тоа нагло пораснало на речиси 80.000 хектари, што е четири пати повеќе од просекот во периодот од 2008 до 2020 година.

Во Грција, територијата погодена од пожарот се удвои, а зголемување е забележано и во Шпанија, Франција, Албанија и Северна Македонија.

Во овие земји, ситуацијата во првите денови од август не само што не е ставена под контрола, туку стана многу полоша, така што вкупните податоци на крајот на овој месец ќе бидат уште подраматични.

мкд_resize

Меѓутоа, во Европа територијата која може сериозно да биде загрозена од пожари е се поголема, според службата на ЕУ за управување со ризици од катастрофи.

„Загрозеното подрачје во Европа се шири, тоа веќе не е ограничена само на медитеранските земји“, вели научникот во таа служба, Хесус Сан Мигел Ајанз.

Овој тренд го докажува и фактот дека летово имаше нагло зголемување на бројот на шумски пожари во Финска.

Испрати коментар

Scroll To Top