Научниците од Службата за следење на атмосферата Copernicus (CAMS) внимателно го следеле летото со големи пожари кои погодија многу земји на северната хемисфера и предизвикаа рекордни емисии на јаглерод диоксид во јули и август. CAMS, кој го спроведува Европскиот центар за среднорочни временски прогнози во име на Европската комисија, известува дека во текот на овогодишната сезона на шумски пожари, забележани се екстренмни пожари и по интензитет и по фрекфенција. Сувите и топли услови на Медитеранот придонеле за жариште на големи пожари, кои предизвикаа интензивно загадување. Јули бил рекорден месец на глобално ниво, според Глобалниот систем за асимилација на пожари (GFAS) со 1258,8 мегатони CO2. Повеќе од половината од јаглерод диоксиот се припишува на пожарите во Северна Америка и Сибир. Исто така, според истиот извор (GFAS), август бил рекорден месец по пожарите, во текот на кој глобално во атмосферата биле емитувани 1384,6 мегатони CO2. Многу земји на источниот и централниот Медитеран претрпеа сериозни последици од интензивните пожари во текот на јули и август, а чадот е јасно видлив на сателитските снимки. Особено беа погодени Турција, Македонија, Грција, Италија, Алжир и Тунис.