Повеќе од 200 пожарникари се обидува да го изгаси пожарот кој зафати еден облакодер во западен Лондон. Според англиските медиуми во облакодерот има луѓе кои се заробени внатре, а можно е и рушење на зградата.
Пожарот избувнал по полноќ, противпожарните екипи, со 40 противпожарни возила веднаш излегле на терен, но сеуште не успеале да го локализираат. Според медиумите бргу била извршена евакуација, но некои од жителите на зградата останале заробени на 27-от кат.
Од облакодерот на Гренфел тауер и понатаму се издига густ чад.
Инаку, зградата има 120 станови, но службите немаат информации колку луѓе имало во неа, кога избувнал пожарот.
Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат, а медиумите шпекулираат дека причина би можел да биде градежниот материјал кој бил употребуван кога била реновирана зградата. Реновирањето траело две години, а неодамна било завршено.
Очевидци тврдат дека пожарот избувнал на вториот кат и дека за само 20-тина минути се искачил до самиот врв, до 27-от кат.