Пожар утринава избувна во зградата на Архитектонскиот и Градежниот факултет во Скопје. Командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски за МИА изјави дека огнот зафатил три простории на вториот кат на објектот. Евакуирани се студентите и вработените. Нема повредени, причинета е само материјална штета.
Според последните информации од терен, пожарникарите сеуште интервенираат.
Според нашите информации, пожарот избувнал во кабинет на еден од професорите на Архитектонски и се проширил. Го зафатил таванот од кој се урнале гредите.
Засега не се знаат причините за избувнување на пожарот.