Насловна / Арт и дизајн / Позајмувањето на Мона Лиза и за 35 милона евра е скоро невозможно

Позајмувањето на Мона Лиза и за 35 милона евра е скоро невозможно

Позајмување на некој музеј на прочуената Леонардова Мона Лиза на три месеца би чинело помеѓу 30 и 35 милиони евра. „Преместувањето на сликата во друг музеј на изложба што подразбира обезбедување, симнување и преместување на заштитното стакло, трошоците за специјален превоз, амбалажа и материјални загуби за Лувр во период кога сликата не е во тој музеј, би чинело помеѓу 30 и 35 милиони евра“, соопшти управата на музејот, а пренесува весникот Паризјен. Весникот наведува дека опремата за преместување чини исклучително скапо, наведувајќи ги како пример трошоците од три милиона евра само за амбалажата и два милиони евра за специјален превоз и додава дека Лувр би загубил околу 13 милиони евра без Мона Лиза на својата изложба.

Professor Vezzosi Director of the Museo Ideale Leonardo da Vinci points to details on a painting attributed to Leonardo da Vinci and representing Mona Lisa during a presentation in Geneva
Предходно стручњаците процениле дека преместувањето на сликата, како што тоа го предложила француската министерка за култура Франсоаз Нисен, е премногу опасно за дело старо 400 години бидејќи е многу осетливо. Министерката за култура на почеток на март изјави дека „сериозно ја размислува“ можноста иконата на Лувр да биде позајмена за изложби на други институции наведувајќи дека се залага против „културна сегрегација“.
Од 2005 година Мона Лиза е претставена во Лувр позади дебело стакло како заштита од блицеви и фотоапарати. Просторијата во која е сместена сликата има контролирана температура и влажност.

1
Управата на Лувр неколку пати до сега наведе дека евентуалното преместување на Мона Лиза би можело неповратно да ја оштети сликата, изработена во масло на плоча од дрво топола. Со тек на времето плочата се искривила и има пукнатина која достига скоро до лицето на Ѓоконда.
Лувр предходоно наведе дека Мона Лиза е една од сликите кој повеќе не може да биде преместувана, дури ни во рамки на самиот музеј. Сликата нема да може да биде преместена во друга просторија дури ни за време на големата ретроспектива која музејот ќе ја организира во 2019 година за одбележување на 500 годишнината од смртта на ренесансниот мајстор Леонардо Да Винчи (1452-1519).

33

Испрати коментар

Scroll To Top