Во центарот за фотографија „Браќа Лимије“ во Москва отворена е изложба на фотографот Саша Гусов кои ги снимил за балетот на Бољшој театар.
На изложбата се претставени околу 50 единствени фотографии настанати помеѓу 1992 и 2016 година, позади сцената на класични балетски парчиња играни низ цела Европа.
На фотографиите на Гусов може да се види динамиката и експресивноста на балетската игра, но и балерините во поопуштени ситуации, додека се растегнуваат или чекаат ред да излезат на сцената.
„Фотографиите на Саша Гусов не се одраз на животот, туку каталог на оние неповторливи кооинциденции во времето и просторот кои човекот позади фото апаратот одлучил да ги „фати““, изјави режисерот Андреј Кончаловски, голем пријател на Гусов.
Изложбата е отворена до 23 септември.