Во Музејот на применета уметност во Белград, од 30 јануари до 15 март 2023 година се одржува изложба за познатиот архитект Борис Подрека наречена „Архикултура“.
400 авторски дела
Белградската изложба на Борис Подрека во Музејот на применета уметност се состои, пред сè, од архитектонски решенија, како изведени, така и оние што не се. Исто така, Подрека за првпат на белградската публика ги прикажа своите ликовни дела, како и неколку дела од применетата уметност на кои е автор.
Врз основа на околу 400 оригинални авторски дела, колку што Подрека изработил досега, преглед на неговиот метод на работа го подразбира следново: во секоја проектна задача, тој внимателно ја анализира околината, урбаните ентитети и историјата на местото.
Плоштадот Тартини во Пиран, Словенија
Сознанијата како слоеви, Подрека ги спојува со свите архитектонски инхерентни потфати, кои првенствено доаѓаат од теориите поврзани со личностите и делата на Земпер и Вагнер, но и од интересот за посебни зданија, структури или специфичности кои припаѓаат на општата историја на архитектурата.
Неговиот креативен процес на работа се заснова на многубројни цртежи и архитектонски скици кои ги прави рачно на хартија, во доба во кое техниката на цртање полека исчезнува.
Долен Дорќол, Белград
На оваа фаза на изведување припаѓа и обемна колекција на материјали и примероци на градежни компоненти. Во начинот на работа на Подрека, макетите првенствено имаат функција да го визуелизираат последното валидно, остварливо или веќе реализирано решение.
Професионални корени во осум европски земји
Сепак, Борис Подрека сака да го споменува своето друго школување, кое го стекнал вон високите школи, од една страна преку проучувањето на делата на Плечник, а преку неговото дело и откривањето на Микена и Вавилон, а од друга страна со полугодишен престој во Скандинавија. Нордискиот поредок стекнат со работа во студиото на Ралф Ерскин е присутен како воспоставен подаспект во работата на Подрека.
Љубљана
Подрека е автор кој денес благодарение на професионалните корени во осум европски земји има посебно место во архитектурата. Тоа е поткрепено со широко знаење во многу – па и најактуелни – области на културата, врз основа на кои тој ги осмислува како своите предавања, така и своите публикации (без претензии да ги означи како научни).
Значајно е да се истакне и дваесет и петгодишната професорска работа на Подрека. Едукацијата на младите, нивно поттикнување или мотивирање, пренесување искуства и знаења во анализата на водечките теми од историјата на архитектурата се слеваат во нацрти (вклучувајќи ги и неговите) е посебен придонес кој треба високо да се рангира.
хотел во Задар
Меѓу изложбите на Подрека кои привлекоа меѓународно внимание, се истакнуваат изложбите за опусот на Фридрих Кислер (Виенски музеј на 20 век, 1986), изложбата за Јоже Плечник (парискиот центар Жорж Помпиду, 1986 година), Карло Скарпа (Венеција, 1984), со Марија Бота или за„Виенските теми“, на пример за стилот бидермаер (Царска палата, Пекинг 2000), како и за музичари, како што е Јохан Штраус (Музеј на град Виена, 1999). Лајтмотивот што се провлекува низ сите изложби на Подрека би можел да биде: креативна инсеценација.
Централниот плоштад во италијанскиот град Кормонс
Можеби во изложбите на Подрека и неговото животно кредо дека сè се проектира (и позитивно кажано, тој е во состојба да го направи тоа) се крие смислата на проблематиката што Фридрих Ахлајтнер ја спомна во првата голема монографија за Подрека: „Како да се проектира архитект?”.
Проектите на Подрека не ги карактеризира истакнат симболизам, туку тој ги поврзува формалните специфичности со темата и контекстот, со што успева да наметне нивни сопствен, нов идентитет. Со анализа на елементите кои веќе постојат, Борис Подрека успеа да го создаде својот специфичен архитектонски одговор.
Биографија
Борис Подрека (Белград, 1940), архитект и уметник, потекнат од Централна Европа ја почитува нејзината историска и уметничка традиција. Тој израснал во повеќејазична средина и создава во мултикултурна средина меѓу Белград и Љубљана, Трст и Венеција, Виена и Штутгарт.
Параметрите на неговата работа влечат корени од архитектонската теорија на Земпер, Бетхер и Виола де Дик. Под влијание на Вагнер и Плечник, тој ја тематизирал носечката конструкција и материјалноста, техниката на просторни слоеви ја учи од Лос, а нематеријалните карактеристики на светлината ги изучува за време на неговите долги патувања по Ориентот.
По пат на нему својствената поетика на различности, во текот на неговото речиси петдецениско архитектонско творештво, Подрека напредува на својот целосно личен пат, кој се манифестира преку моќта на изразување на бројни меѓународни остварувања во осум европски земји, како и во Кина.