Насловна / Вести / Повторно продолжен мораториумот на ДУП-овите во Центар

Повторно продолжен мораториумот на ДУП-овите во Центар

На вчерашната дванаесета седница на Советот на општина Центар прва точка на дневен ред беше предлог – одлука за запирање на спроведување на детални урбанистички планови. По одржувањето на седницата од Општина Центар соопштија дека Советот на општина Центар со мнозинство гласови од советниците ја изгласа одлуката за запирање на спроведување на 31 Детален урбанистички план. Времетраењето на мораториумот е два месеци. Разгледувањето на овие Детални урбанистички планови е веќе во заврша фаза, а на советниците им беше прикажана и видео презентација.
Она што е основна заложба на градоначалникот Саша Богданиќ и на општинското раководство е на жителите да им се овозможат услови за хумано живеење, надминување на урбаните бариери на лица со попреченост, услови за паркирање и безбедност на пешаците, заштита и унапредување на животната средина и ново и квалитетно осветлување.

012
Планската документација ќе се носи транспарентно и сите забелешки од советниците и од граѓаните ќе се земат предвид.
Останува дилемата како ќе успее општината да се справи со измените на ДУП-овите и својата заложба за рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучувањето на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација во услови кога сеуште не се направени измени во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање каде во Член 3 (ставови 3,4 и 5) се вели:
3. Уредување и хуманизација на просторот со плански одредби кои ќе ја штитат и стимулираат приватна та сопственост и слободното претприемаштво на начин кој нема да го повреди или стесни јавниот интерес;
4. Сукцесивно зголемување на стечените права по основ на сопственоста на градежното земјиште, уреду вањето на земјиштето и правата на градење, освен ако тоа не е спротивно на јавниот интерес;
5. Зголемување на вредноста на земјиштето, недвижнините и сите други просторни ресурси со плански одредби;

Во меѓувреме многу прашања остануваат неодговорени, дали одлуките за мораториум се законски, што се случува со инвеститорите кои влегле во инвестиција во се според закон и врз основата на постоечките ДУП-ови, дали се изработуваат нови ДУП-ови и кога ќе бидат завршени, што е тоа што може да се спаси во општина каде најголем дел од површините за градење се реализирани, а најголем број анкетни листови од сопствениците на локациите бараат зголемување на бруто дозволената површина.

Испрати коментар

Scroll To Top