Насловна / Вести / Повторно отворен музејот на Пикасо во Париз

Повторно отворен музејот на Пикасо во Париз

renoviran muzejot na pikaso_1

По пет години реновирање, националниот музеј на Пикасо во Париз повторно е отворен. Во него се вложени 50 милиони евра. Со отворањето на музејот се обележува годишнината од раѓањето на големиот сликар, кој е роден на 25 октомври 1881 година. На свеченото отворање присуствувал и францускиот претседател Франсоа Оланд, како и Маја Пикасо.

renoviran muzejot na pikaso

Националниот музеј на Пикасо од 1985 година се наоѓа во поранешен хотел од 17 век во монденскиот дел на Париз. Таму се собрани околу 5000 дела, скулптури, слики, цртежи, документи, фотографии од неговата приватна збирка, кои уметникот ги оставил на државата после својата смрт во 1973 година.

На реновираниот таван во музејот се наоѓа приватната збирка на Пикасо, од Сезан, Дега, Матис, Модилјани, Реноар и други големи сликари.

Пикасо е еден од најголемите вајари, сликари, цртачи и графичари на 20 век и е еден од основоположниците на кубизмот, заедно со Жорж Брак.

Тој е еден од најплодните сликари на сите времиња. Има изработено околу 13.500 слики, 100.000 графики, 34.000 илустрации за книги и 500 скулптури. Вкупната вредност на неговиот опус во 1973 година е проценета на 750 милиони долари.renoviran muzejot na pikaso_5 renoviran muzejot na pikaso_4 renoviran muzejot na pikaso_3 renoviran muzejot na pikaso_2

Испрати коментар

Scroll To Top