Насловна / Вести / Поврзување на хрвaтската гасна инфраструктура со европската

Поврзување на хрвaтската гасна инфраструктура со европската

lng_terminal

Европската комисија в среда ќе предложи 15 мерки за формирање на единствен европски енергетски пазар, меѓу кои ќе биде и предлогот за поврзување на гасниот терминал на хрватскиот остров Крк со енергетската инфарструктура на ЕУ, објави во денешниот број весникот „Вечерњи лист“.

Студијата за изградба на терминалот за течен нафтен гас (ТНГ) на Крк, ја финансираше Еврокомисјата, па оттаму, според хрватскиот весник, Брисел е заинтересиран за негово поврзување со внатрешниот енегретски пазар на ЕУ.

LNG terminal
Европските и американските официјални претставници во неколку наврати нагласуваа дека терминалот за ТНГ на Крк е стартешки важен за цела централна Европа, потсетува „Вечерњи лист“.

Според весникот, една од 15-те мерки на Еврокомисијата предвидува и Брисел да има надзор над склучувањето договори за набавка на енергенси меѓу земјите-членки на ЕУ и држави надвор од Унијата. 

Испрати коментар

Scroll To Top