Во Долани се трасираа и асфалтираа нови улици. По неодамнешното асфалтирање на улицата која го поврзува селото со манастирот Свети Илија, се асфалтираа и нови 500 метри улици од левата и десната страна на селото. Жителите на Долани, конечно калта и правта ја заменуваат со асфалт. И возилата нема да страдаат, како порано.
И Овчеполието конечно се поврзува целосно со патна инфреструктура. Денес е завршено асфалтирањето на патот помеѓу селата Врсаково и Судиќ: „Со вкупна должина од 2,5 километри со вкупна вредност од 3 милиони денари.Интензивно овие два месеца се работеше на патната инфраструктура низ селата со што работите се и при крај“ вели Александар Југов, од Општина Штип.
Останува со пат да се поврзат уште селата Долно и Горно Трогерци, со што целиот овој крај ќе заживее.Паралелно со ова, денес асфалт се ставаше и во центарот на Штип, поточно на улицата Трст: „Оваа улица досега беше дел со коцка, дел бетонска и беше многу оштетена, па поради тоа од општината решивме да ја асфалтираме и да ги подобриме условите за возење“, истакна Тоше Ѓорѓиевски, од Општина Штип.
Наредна за асфалтирање е улицата Димо Хаџи Димов.